Брајчино и Курбиново
Почеток на турата од договореното место во утринските часови. Превоз со високо туристички автобус/мини бус. Групата ќе ја води стручен туристички водич.
Посета на најпознатото и наjпосетувано еко-село Брајчино, кое се наоѓа на падините на планината Баба, во Преспанскиот регион.
Посета и на црквата Св. Ѓорѓија во село Курбиново во кое се наоѓа едно од најдобрите достигнувања на византиското сликарство.
Патувањето води покрај крајбрежјето на Охридското езеро, преку планината Галичица. Кратки попатни застанувања, на планината Галичица заради фотографирање и кратко запознавање со специфичната флора и фауна на националниот парк Галичица.
Префрлајќи преку Галичица се спуштаме во Преспанската котлина. Патот води околу Преспанското езеро, 2-то по големина езеро во Македонија, покрај плантажите со јаболка, кои се најголеми во овој дел на Балканот.
Можност да се застане и да се пробаат познатите ресенски јаболка – доколку сезоната го дозволува тоа.
Следува посета на црквата Св. Ѓорѓија – во с. Курбиново, невпечатилива по надворешниот изглед но разиграна по своето барокно фреско сликарство во внатрешноста. Искривените, динамични, издолжени фигури покажуваат нова страна поинакво перцепирање на уметноста.
Се поаѓа кон Брајчино село со автентична убавина, недопрена природа, зачувана стара архитектура која живее во согласност со модерните градби.
Во селото едно покрај друго екзистираат традиционалните вредности, каде во една куќа живееат и до 3 генерации но и модерните вредности – каде куќите се преадаптирани во модерни хотели.
Можност за организиран ручек во еден од рестораните во селото и можност да пробате пита со праз, со зеленчук, со киселец, тави, гравчиња, потпечени, турлитави, печен крап, пастрмка, дивеч. Гостите имаат можност, сами да одат да си соберат, и да си направат дури салата, ако изразат желба за тоа.
После ручекот се враќаме во Охрид и враќање во модерното време после поинакво поминатиот ден.
ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ
Specifications
- Култура