mksqhrendeelrusr

КРАТОВО
3.0/5 rating 1 vote

К Р А Т О В О

09-10 април 2022
(2 дена / 1 ноќевање)

 

Прв ден 09-ти април (сабота): Охрид - Куманово - Кратово

Состанок на групата во 05,00 часот од  автобуската станица.Поаѓање за Кратово со попатна посета на Куманово каде  е предвидена прошетка низ центарот и кафе пауза. Во попладневните  часови пристигнување во Кратово - еден од најстарите градови во земјава кои потекнуваат од претсловенскиот период. Сместување во хотел “Кратис” . По краткот одмор разглед на градот КРАТОВО. Посета  на Старата Кратовска чаршија, Кратовските Кули (Симиќева, Саат-кула, Златкова, Крстева, Емин-бегова и Хаџи-Костева кула). Посета на  Градскиот музеј  каде можат да се видат стари предмети, монети, уметнички слики, посета на црквата “св. Јован Обсечен” која е обновена во 1836 година, каде ќе се видат иконите од “Среберените раце” на Исус Христос, Мајка Богородица, апостол Тома и св. Јован. После разгледувањето на градот одмор во хотелот и вечера во ресторанот на хотел КРАТИС со вечера. Ноќевање.

 

Втор ден 10-ти април (недела): Кратово - Куклици - Охрид

Појадок, а потоа одиме кон Куклици каде што се наоѓа теолошкиот резерват “Весела свадба” кај народот уште познат како Куклици, кукли и пијани сватови - ремек дело на природата и да ја чуеме приказната  за скаменетите  сватови кои и денес сведочат за гневот и болката на несреќната девојка. Пауза за ручек во Куклица Етно, после паузата заминување кон Охрид. Во Охрид се приистигнува во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 3700,00 ден

 

Во цената е вклучено:

-Превоз на наведената релација

-Едно ноќевање со појадок и вечера во хотел “Кратис” - Кратово

-Разглед на Кратово

-Посета на Куклице

-Организација и водство на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

-Ручек во Куклица Етно

Калкулацијата е правена на мин 20 особи.

 

809

Leave a comment

You are commenting as guest.