Планинарење Галичица - Охрид
Почеток на турата од договореното место во утринските часови. Превоз со високо туристички автобус/мини бус. Групата ќе ја води стручен туристички водич.
Превозот до местото од каде ќе почне планинарењето трае околу 1.30 мин. Од малата капела на Св. Ѓорѓија, започнува планинарењето до врвот Магаро 2255 м.н.в.
Галичица е планина лоцирана помеѓу Охридско и Преспанско езеро. Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински и еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк.
Позната е по специфичната флора со 800 различни растенија и билки од кои 11 се ендемични, како и специфичните морфолошки форми заради што ова планина е прогласена за еден од 7 те најатрактивни природни паркови во светот од страна на National Geographic во 2002 година.
Искачувајќи се по обележаните патеки на планината, ќе бидете запознаени со некои од ендимичните растанија.
Ќе се помине покрај 2 антички театри – големи природни рецесии пример за специфичната морфологија на планината.
Ќе се посетат и рововите од првата Светска војна.
Патот кој води до врвот Магаро е исполнет со импресивни пејсажи.
Од самиот врв Магаро се гледаат и 2-те долини и 2-те езера Охридско и Преспанско.
Враќање до местото од каде што почна качувањето, каде ќе не чека минибусот.
Можност на враќање за организирање на ручек во планина или пак во селото Трпејца покрај самото езеро.
ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ
Specifications
- Култура